Реферерендумот на Фокландите го реафирмира принципот на самоопределување

Од:

Референдумот на Фокландиските Острови и неговиот резултат ќе го реафирмираат принципот на самоопределување и ќе испратат силна порака до меѓународната јавност и до Аргентина, изјави членот на локалното Собрание Дик Соул.

Во интервју за Би-Би-Си, Соул рече дека аргентинската Влада можеби нема да го слушне гласот на Фокланѓаните, но се дека надева оти ќе го слушнат луѓето на Аргентина за кои верува дека не сите се согласуваат со позицијата на својата Влада.

Над 1.600 запишани гласачи, од околу 3.000 жители на овие острови во Јужниот Атлантик, вчера и денеска гласаат на референдумот за идниот статус на Фокландите.

Сите испитувања што се направени покажуваат дека големо мнозинство од жителите ќе се определат Островите и натаму да останат прекуморска територија на Велика Британија.

Владата во Буенос Ајреес уште порано го осуди одржувањето на референдумот и најави дека нема да ги прифати неговите резултати.

– Желбите на островјаните не се релевантни за Аргентина, затоа што станува збор за територијален спор, изјави аргентинскиот претседател Кристина Кирхнер.

Дик Соул го отфрла ваквиот став на аргентинската Влада и тврдењето на Кирхнер дека луѓето на Фокландите се „имплантирано население“.

Според Соул, островите се населени на истиот начин како и целата Јужна Америка и самата Аргентина. – Без разлика на историјата, ние имаме право на самоопределување и никој нема право тоа да негира, изјави Соул.

Референдумот го следат голем број набљудувачи од повеќе земји,меѓу кои и од Чиле и Мексико и покрај силниот притсок на аргентинската Влада земјите од Латинска Америка да не се приклучуваат кон набљудувачките мисии.

Резултатите од референдумот се очекува да бидат познати денеска во вечерните часови.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски