Референдумот во Јужна Осетија може да биде решавачки за руско-грузискиот дијалог

Од:

Независимаја газета – Москва

Пролетва донесе нов дневен ред во односите меѓу Москва и Цхинвали. Уште на 21 март, претседателот на Јужна Осетија, Леонид Тибилов, за Комерсант изјави дека „јужноосетискиот народ очекува влегување во составот на Русија“. А на 4 април соопшти дека смислил референдум за промена на уставот со цел „да му предложи на претседателот на Русија создавање на обединет сојузен орган на кој ќе ги префрлам моите полномоштва“. На крај, на 11 април Тибилов официјално изјави дека Јужна Осетија во најскоро време ќе организира референдум за вклучување во составот на Руската федерација – до август 2016 година.

Сигналите од Цхинвали се судрија со неодобрение во Тбилиси. Грузискиот државен министер за европска и евроатланска интеграција, Давид Баркадѕе, дека референдумот за приклучување на Јужна Осетија кон Русија нема да има правна сила. Слична изјава даде и Кетеван Цихелашвили, првиот заменик-државен министер за помирување и еднаквост меѓу граѓаните. Тоа беше очекувано. Но, има нешто поинтересно. Цихелашвили потсети дека Јужна Осетија има статус на „окупирана“ и непризната од „светската заедница“ – грузиското раководство избегнуваше да го истакнува тоа, еве веќе три години.

Организацијата на таков референдум е чувствителна задача. (Во најлош случај, ќе следува нов бран санкции наметнати од САД, ЕУ – кои Русија некако пак ќе ги преживее). Но, проблемот е подлабок. Референдумот во Јужна Осетија ќе го погреба руско-грузискиот дијалог, граден од Москва во последниве четири годии.

По „петдневната војна“ во 2008 година, руско-грузиските односи останаа затегнати. Обидите на ОБСЕ во јуни 2010 година во Женева да организира преговри меѓу Тбилиси и непризнатите републики не дадоа успех. Грузија одби да потпише договор за некористење сила во односите со Абхазија и Јужна Осетија. На 1 октомври 2012, на парламентарните избори во Грузија победи блокот на Бидзина Иванишвили, кој се заложи за обновување на дијалогот со Русија. Во декември 2012, беше поставен формат за преговорите, вклучувајќи го рускиот заменик министер за надворешни работи. Идејата беше да се гради руско-грузиски дијалог кој зад себе ќе ги остави проблемите со статусот на Абхазија и Јужна Осетија.

Обновувањето на дијалогот меѓу Тбилиси и Москва – по иницијатива главно на грузиската страна, е добродојдена и за руската. По неуспешните преговори на Русија истата година со Узбекистан, Азербејџан и Украина, за нивното евентуално вклучување во Евроазискиот економски сојуз, започнатите разговори со Грузија изгледаа како надворешнополитички успех на Москва во постсоветскиот простор. Во руската елита се формираа условно три партии според нивнте односи кон Грузија. „Минималистите“ во дијалогот гледаа средство за се спречи појавата на лидер националист во Тбилиси. За „центристите“ дијалогот беше начин да се зачува неутралниот статус на Грузија, да не дојде до појава на натовкса воена инфраструктура во земјата. „Максималистите“ настојуваа за иднината на Грузија, вклучувајќи свртување кон Русија и (можеби?) постепена економска интеграција кон ЕАИС.

Во Грузија исто доминира стратешкиот курс кон прагматичен дијалог со Русија. Главната причина за пресвртот, кој го прави Тбилиси, беше на основа на економскиот интерес. Навистина Грузија склучи договор за асоцијација со ЕУ, но тој нема изглед да работи со полна сила заради географската оддалеченост на државите и недостигот на заедничка граница. Рускиот пазар и рускиот транзит остануваат приоритети за Грузија. Тука обновувањето на дијалогот со Русија им донесе на грузијците извесни резултати. Во јуни 2013, грузиските вина се вратија на рускиот пазар, а во декември 2015, Русија го укина визниот режим воведен кон Грузија во 2000 година. Уште пред тоа беа воспоставени директни воздушни врски меѓу двете земји (иако досега не дојде до воспоставување на дипломатските односи).

Но Грузија реагира со одбивање кон сојузничките договори склучено помеѓу Русија со Абхазија (во 2014) и Јужна Осетија (во 2015 година). Оваа тема, придружена со остри негативни оценки, оддекна при посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Тбилиси на 26 август 2015 година. Тогаш беше отворен и нов центар за обука на алијансата во тбилиското предградие Круцаниси, а шефот на НАТО најави дека пактот може да развие воено партнерство со Грузија. Ккао одговор на тоа, Москва ги замрзна преговорите во форматот „Карасин-Абашидзе“. Кон крајот на годината, преговорите беа обновени, но дијалогот меѓу земјите тргна многу тешко.

Присоединувањето на Јужна Осетија сосема ќе го закопа руско-грузискиот дијалог. Односите меѓу Москва и Тбилиси ќе бидат вратени назад до насилствата од крајот на 2008 година. Ако ја земеме за прифатлива таа цена – прашањето останува отворено. Всушност, ќе и се наметне на Русија да претрпи извесни загуби.

Прво, заради надежта дека Грузија ќе го задржи својот неутрален статус. НАТО нема да ја прими за членка заради спорот околу статусот на Абхазија и Јужна Осетија. САД всушност на Грузија можат да и предложат статус на „клучен сојузник надвор од НАТО“. На грузиска територија веројатно ќе се изгради инфраструктура за идно распоредување на воени контингенти од НАТО.

Второ, Грузија располага со можности да ги искомплицира комуникациите меѓу Русија и Ерменија. Во моментов, грузиската маршрута единствено обезбедува превоз по копно меѓу двете земји.

Трето, во февруари Грузија започна консултации за соработка со Турција. Засега Тбилиси се држи претпазливо. Но при нагло заострување на односите Грузија може да се вклучи во евентуалната алијанса меѓу Турција и Украина. А тоа во реалноста ќе го претвори во извесност раѓањето на блокот ГУАМ.

Четврто, имиџот на Русија може да настрада. Дејствувањето на ЕАИС засега е само обновена ЕврАзИО по моделот од 2002 година. А уште есента 2011, Путин си ја постави задачата да создаде пошироко обединување од ЕврАзИО. До денес, руско-грузискиот економски дијалог изгледа беше најуспешниот проект надвор од традиционалната сфера на Евроазиската заедница. Ако заврши играта со Грузија, тоа ќе значи дека Москва сеуште не гледа како да го прошири своето економско присуство надвор од интеграциското јадро на „старото ЕврАзИО“.

Сето изнесено не значи дека референдумот за присоединување на Јужна Осетија кон Русија дека ќе биде бескорисно. Постои друг, подлабок проблем: дали сметаме дека Грузија е конечно изгубена за Русија и за рускиот свет? Ако е така, исправната стратегија е да спроведеме референдум за вклучување на Јужна Осетија во Русија и да се оддвоиме со добро вооружена граница од за нас непријателската земја. Ако не, тогаш треба да смислиме стратегија за проширување на дијалогот со Грузија, истовремено зачувувајќи го сојузот со Абхазија и Јужна Осетија.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он