Редици Руси чекаат за влез во Грузија, опозицијата побара воведување визи и затворање на границите

Од:

Фотографии и видео материјал на социјалните мрежи од границата меѓу Русија и Грузија покажуваат долги редици сообраќај низ планински премин.

„Си-ен-ен“ пишува дека луѓе чекаат до 48 часа за да влезат во Грузија.

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела соопшти за делумна мобилизација.

На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.

Среде ненадејниот прилив, „ја притискавме владата да воведе визи и, или, да ги затвори границите“, изјави за „Си-ен-ен“, опозициската политичарка во Грузија, Нона Мамулашвили.

Засега, се чини границата сè уште е отворена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Додека Путин го снимаа во Мариупол, жена викна гласно – „Ова е лага, ова е само шоу“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кинескиот претседател слета во Москва

Ана Ололовска

Рускиот суд го замрзна целиот имот на Фолксваген во Русија

Ана Ололовска

Институт за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши од украинската контраофанзива

Ана Ололовска

Медведев: Сакаат да му судат на претседател на нуклеарна сила, последиците ќе бидат монструозни

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Нова драма над Црното Море: Руски Су-27 се обиде да собори Бајрактар

Ана Ололовска