Редфилд: Новиот советник за Ковид-19 погрешно го информира Трамп, епидемијата не е блиску до крајот

Од:

Директорот на американскиот Центар за контрола на болестите и превенција, Роберт Редфилд денеска изјави дека на епидемијата во САД не ѝ се гледа крајот, што е спротивно на тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека таа привршува во земјата.

– Не сме ни блиску до крајот, посочи Редфилд.

Тој изрази и загриженост дека д-р Скот Атлас од работната група за Ковид-19 проследува неточни информации до Трамп.

Врвниот стручњак рече дека Атлас му сервира на претседателот погрешни информации за редица прашања, вклучувајќи сомнежи во ефикасноста на заштитните маски, за тоа дали младите луѓе се подложни на вирусот, како и за потенцијалните придобивки од ткн. „имунитет на стадо.“

– Се што кажува е неточно, истакна Редфилд, алудирајќи на новоназначениот советник.

Би можело да ве интересира

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“