Речиси 4.000 новозаразени за еден ден во Британија, најмногу од мај

Од:

Велика Британија регистрираше речиси 4.000 новопотврдени случаи на инфекција со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај, и поради тоа расте загриженоста дека земјата е на раб на вториот бран на епидемијата.

Во претходните 24 часа беа регистрирани нови 3.991 заразено лице, значително повеќе од 3.105 претходниот ден. Бројот на новоинфицирани лица објавен синоќа е повеќе од двојно поголем од оној пред неколку недели.

Властите неодамна забранија собири на повеќе од шест лица, и во затворени простории и на отворено.

Досега починаа 41.684 лица како резултат на инфекцијата во Велика Британија. Според тој критериум, Велика Британија е прва во Европа и петта во светот.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он