Речиси 140 угинати фоки пронајдени долж брегот на Мексико

Од:

Властите во Мексико забележаа вкупно 137 угинати фоки на плажи на пацифичкиот брег на полуостровот Долна Калифорнија.

Мексиканската Канцеларија за заштита на животната средина синоќа објави дека на телата на калифорниски морски лавови, нема траги од повреди од рибарски мрежи или можни судири со чамци, кои се најчести причини за смрт или повреди на овие морски животни. Во соопштението се наведува и дека тие биле пронајдени на крајбрежјето во должина од 130 километри во областа Комонду, во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија.

Земени се примероци од ткиво од некои тела за натамошна анализа за да се утврдат причините за смртта на фоките.

Калифорниските морски лавови се заштитен вид во Мексико, но не се во опасност од истребување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Индиец уапсен зашто сакал неговото милениче „да лета“ со балон

Ана Ололовска

По 3.000 години, тасмански ѓавол се роди во континентална Австралија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мачка скокна од петти кат за да се спаси од пожар, доскокот за највисока оценка

Жарко Настоски

Спасен кит-младенче кој заталкал во Темза во Лондон

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дива свиња „го прекрши“ полицискиот час и се прошета во центарот на Солун

Ана Ололовска

Црн пантер и ротвајлер живеат заедно и се сѐ попопуларни на интернет

Ана Ололовска