Реакции за Брегзит: Излегувањето е излегување, нема повластен третман за Британија

Од:

Велика Британија му кажува збогум на Брисел, а светските политичари имаат поделени реакции на неочекуванитио резултат на референдумот.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмајер изрази жалење поради заминувањето на Велика Британија од ЕУ.

-Утринските вести од Лондон се отрезнувачки. Ова е тажен ден за Европа и Обединетото Кралство, напиша Штајнамајер на Твитер.

Слично реагираше и Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија, најголемата партија на десниот центар во Европскиот парламент.

-Жалиме поради одлуката на Британците. Брегзит ќе предизвика голема штета на двете страни, излегување ќе мора да значи излегување! Нема да има посебен третман за Британците, напиша Вебер на Твитер и наведе дека очекува целосна дезинтеграција на Британија од ЕУ најмногу во рок од две години.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази очекување дека преговорите околу излегувањето на Британија од ЕУ ќе почнат многу брзо.

-Британија донесе одлука да оди по својот пат. Утринските економски податоци покажуваат дека тоа ќе биде сосема друг пат. Очекувам преговорите за излез на Британија да почнат брзо, рече тој.
Единствено, слават десничарите во Европа. Марин Ле пен, претседателка на Францускиот Национален фронт ги поздрави резултатите од референдумот.

-Ова е победа на слободата. Браво за Британија, сега е време за Фрегзит, напиша Ле Пен на Твитер.
Премиерот на Холандија Марк Руте со разочарување ги коментираше резултатите.
-Незадоволството во Британија е присутно и во другите земји, вклучувајќи ја и мојата, па затоа Брегзит мора да биде моќен стимуланс за реформи во ЕУ, истакна Руте.
Шпанскиот премиер за надворешни работи Хосе Мануел Гарсија-Мургаљо предложи да се подели суверенитет над Гибралтар, откако Велика Британија се изјасни за излегување од ЕУ.
Тој кажа дека со тоа ќе се овозможи на Велика Британија да задржи пристап кон единствениот пазар во Европа.

-Нашата формула е ко-суверенитет на Британија и Шпанија на одреден период, кој по истекот на одредено време ќе води кон реституција на Гибралтар под суверентитетот на Шпанија, рече Гарсија-Маргољо за шпанското радио.

Францускиот претседател Франсоа Оланд свика итна седница на владата на тема “Иднината на Европа“.
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка кажа дека “Брегзит“ не е крај на светот, а посебно не на ЕУ“
-Британија ќе има многу помало влијание на тоа што се случува во Европа, а таа самата ќе биде послаба и помалку важна. Во следните години ќе се бори да ја задржи Шкотска, рече тој.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е убеден дека ЕУ има иднина и порача “Она што не не убива, не прави појаки“

-Во име на 27 лидери, можам да кажам дека сме одлучни да го одржиме нашето единстви како 27 државо членки, рече Туск пред новинарите во Брисел.

-Ова е историски момент, но не е сигурно момент за хистерични реакции, рече тој.
Министерт за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц кажа дека Унијата ќе опстане, но ќе мора да се менува.

-Кога една членка сака да излезе од ЕУ, доаѓа до големи промени. Исходот од референдумот е дефинитивно земјотрес, нагласи тој.

Тој кажа дека ЕУ ќе преживее, но потребни се брзи реформи, за да не се случи уште еден референдум во друга земја членка на ЕУ.

-Промените ќе мора да бидат големи, уверен е Курц.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска