Реакции по обидот за убиство на Салман Ружди во Њујорк

Од:

Полицијата на американската држава Њујорк соопшти дека британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди се здобил со убодна рана во вратот, откако денеска беше нападнат на сцена.

По нападот тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Напаѓачот е во полициски притвор.

Според репортерот на Асошиетед прес, кој бил во зградата на институцијата Чаутаука во северниот дел на Њујорк, каде што Ружди требаше да одржи предавање, изјави дека видел човек како трча на сцената и почнал да „го удира или прободува“ Ружди.

Очевидци наведуваат дека присутните веднаш скокнале врз напаѓачот и го одвлекле и му пришле на помош на Ружди и му ги кренале нозете во воздух.

Лекарката која била на настанот, каде се уште неименуван напаѓач се обидел да го убие писателот, изјави за Њујорк Тајмс дека Ружди бил избоден повеќе пати, вклучително и еднаш во десната страна на вратот. . Веднаш по нападот под неговото тело се формирала голема локва крв. Таа вели дека и покрај бруталниот напад, Ружди дишел и имал пулс.

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, му оддаде почит на полицаецот кој, како што рече, „го спасил животот на Ружди“ на вонредната прес-конференција одржана по обидот за атентат врз Ружди.

Таа го опиша Геад Чаутаукуа, каде што се случи нападот, како „многу тивка рурална заедница“ и „идеално место за говори на истакнати личности како Ружди“.

Хочул остро го осуди нападот врз писателот, додавајќи дека „важно е луѓето да се чувствуваат слободни да зборуваат и да ја пишуваат вистината“.

Чак Шумер, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, остро го осуди денешниот напад врз Ружди.

„Ова е напад врз слободата на говорот и мислењето, напад врз основните вредности на оваа земја. Се надевам дека господинот Ружди ќе закрепне брзо и целосно и дека сторителот ќе биде праведно казнет“, напиша Шумер на Твитер.

Познати автори и писатели на Твитер објавуваат пораки со поддршка Ружди, меѓу кои и Стивен Кинг, Џ.К. Роулинг, Нил Гејман и Најџела Лосон.

Ружди денеска требаше да зборува во институтот Чаутаука во државата Њујорк за САД како азил за писатели и уметници, „како место за креативно изразување“, соопшти институцијата.

Ружди (1947) е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот.

Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД