Реакции по смртта на Фидел Кастро

Од:

Со смртта на лидерот на Кубанската револуција, Фидел Кастро, светот загуби херој, оцени денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

dobivaj vesti na viber

– Фидел Кастро беше една од историските фигури на минатиот век и олицетворение на Кубанската револуција. Со смртта на Фидел Кастро светот загуби човек, кого многумина го сметаа за херој. Фидел Кастро останува една од најреволуционерните фигури на 20. век. За неговото наследтсво ќе суди историјата, се наведува во изјавата на Јункер по повод смртта на Кастро.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федеркика Могерини истакна дека Фидел Кастро имаше историска важност, додавајќи дека очекува да продолжи подобрувањето на односите меѓу Унијата и Куба.

– Фидел Кастро беше решителен човек и историска личност. Неговата смрт доаѓа во време кога Куба се соочува со голем промени и во време на глобална незивесност, порача Могерини по повид смртта на поранешниот кубански лидер.

Рускиот претседател Владимир Путин пак оцени дека Фидел Кастро претставува „симбол на една цела епоха во современата светска историја“.

– Слободна и независна Куба, влијателна членка на меѓународната заедница, што ја создадоа тој и неговите соработници, послужи како пример за многу земји и народи. Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија, наведе Путин во својата телеграма со сочуство по повод смртта на кубанскиот лидер.

Како што јави ТАСС, сочуство до кубанскиот народ по повод смртта на Фидел Кастро упати и рускиот премиер Дмитриј Медведев кој оцени дека со неговото „заминување, без никакво преувеличување, заминува една цела историска епоха“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на веста за смртта на поранешниот кубански лидер, регираше со пораката на Твитер: „Фидел Кастро е мртов“.

За разлика од него, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека информацијата за смртта на Кастро претставува „тажна вест“ и додаде дека ќе се моли за покој на неговата душа.

Папата упати порака на шпански јазик до братот на Фидел и актуелен кубански претседател Раул Кастро, во која изрази сочуство за загувата.

По повод смртта на поранешниот кубански лидер, француксиот претседател Франсоа Оланд денеска оцени дека Фидел Кастро беше олицетворение на Кубанската револуција со сите нејзини надежи и сите нејзини разочарувања,

– Како учесник во Студената војна, тој во очите на Кубанците стана симбол на отфрлањето на туѓинското ропство, порача Оланд во телеграмата со сочуство до кубанскиот народ.

И шпанскиот премиер Маријано Рахој упати телеграна со сочуство до владата и народот на Куба, нагласувајќи дека Фидел Кастро беше „личност од историско значење“.

Српскиот премиер Александар Вучиќ нагласи дека Србија секогаш ќе го цени „слободарскиот дух на Фидел Кастро“, со кој го штитела својот суверениет.

– Со смртта на Фидел Кастро заврши една политичка епоха, нагласи Вучиќ во телеграната со сочуство до кубанскиот народ, потенцирајќи дека Кастро „им ја вратил Куба на Кубанците“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека со смртта на Фидел Кастро, Кина загубила „искрен пријател“,

– Кастро ќе живее вечно, наведе Си во телеграмата со сочуство по повод смртта на поранешниот кубански лидер.

Венецулскиот претседател Николас Мадуро изрази солидарност со кубанскиот народ по повод смртта на Фидел Кастро, оценувајќи дека тој претставува доказ за „бесмртноста на луѓето кои се борат целиот свој живот“.

– Тукушто разговарав со лидерот на кубанската држава Раул Кастро за да му ја изразам нашата солидарност и љубов кон кубанскиот народ поради смртата на командантот Фидел Кастро, изјави денеска Мадуро, чија земја е еден од најважните економски и политички сојзуници на Куба на американскиот континент.

Сочувство по повод смртта на Фидел Кастро изрази и мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, кој поранашниот кубански лидер го нараче „пријател на Мексико и еден од симболите на 20-от век“.

– Фидел Кастро беше пријател на Мексико и поттикнувач на нашите билатерлани односи, базирани на почитување, дијалог и солидарност. нашиша Нието на својот налог на Твитер.

Боливискиот претседател Ево Моралес пак оцени дека Кастро бил пример за многумина.

– Фидел на научи како да се бориме и како да бидеме упорни во името на ослободувањето и обединувањето на народите во целиот свет. Во името на боливискиот народ сакам да изразам сочуство на братската Република Куба. Многу е болно што командантот Фидел си замина, порача Моралес во обраќањето до нацијата преку националната телевизија.

Салвадорскиот претседател Санчез Серен изрази длабоко жалење по повод смртта на „пријателот и вечен другар“ Фидел, додека индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер објави дека „Индија жали за загубата на големиот пројател“.

Последниот советски претседтаел Михаил Горбачов оцени дека Фидел Кастро „опстои и ја зацврсти својата земја во време на најтешката американска блокада, кога врз него се вршеше огромен притисок“.

– Тој усопеа да ја поведе неговата земја на патот на незвисниот развој, изјави Горбачов по повод смртта на Фидел Кастро.

Како што јавија западните медиуми, смртта на Фидел Кастро предизвика шок и изненадување кај Кубанците, кои оценуваат дека земјата ќе го почувствува отсуството водачот на кубанскиот народ“.

Ширум Куба луѓето се собираат пред телевизиските и радио примениците, кои емитуваат револуцинерни песни и емисии за животот на Фидел Кастро.

Во исто време, илјадници кубански мигранти излегоа на улиците на делот на Мајами познат како „мала Хавана“, со цел да ја прослават смртта на Кастро.

Голем број Кубанци во Мајами тропаа со лажици и тенџериња, вееја кубански знамиња, испалуваа огномети, пуштаа песни во ритмот на салсата и извикува „Да на Куба, не на Кастро“ и „Слободна Куба“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Отворен новиот музеј на Фидел Кастро на Куба

Ана Ололовска

Кубанскиот херој и диктатор кој „умираше” повеќе пати

Ана Ололовска

Комеморативен собир за Фидел Кастро во Хавана

Ана Ололовска

Фидел Кастро – последната крупна фигура на меѓународниот комунизам

Ана Ололовска

Почина Фидел Кастро

Ана Ололовска