Реакции на политичките групи во ЕП по обраќањето на Урсула фон дер Лајен

Од:

Во текот на денешната дабата на пленарната сесија на Европскиот Парламент, Урсула фон дер Лајен ја изложи нејзината визија како идна претседателка на Европската Комисија, по што европратениците водеа речиси три и полчасовна расправа, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Манфред Вебер (ЕНП, Германија), несреќниот „шпицканидат“, кој ако се почитуваше претходно договороеното требаше да биде на челото на Европската комисија, ја потврди поддршката на неговата група на Фон дер Лајен.

–Ние ја браниме фер, модерната и иновативна Европа, безбедна, отворена и еколошка. Ние ќе ги имплементираме овие обврски заедно со неа, рече Вебер.

Тој притоа ги поздрави предлозите за правото на иницијатива на ЕП и за оптимизација на процедурата на Шпиценкандидт, пред да заклучи: „договорите зад кулисите мора да бидат дел од минатото„.

Иратакс Гарсија (социјалисти и демократи, Шпанија) се пожали дека „европската демократија напредува премногу бавно“ и истакна дека Фон дер Лајен мораше да презентира подетално како таа сака да одговори на очекувањата на граѓаните и младите луѓе, пред групата на социјалистите да одлучи дали ќе ја поддржи или не. Поддршка за одржлив раст, посилна акција во борбата против сиромаштијата и обврзувачка стратегија за родова еднаквост се од суштинско значење, додаде Гарсија.

Дачијан Чиолос (Обновена Европа) рече: – Ние повеќе не можеме да разочараме милиони Европејци кои рекоа „ДА“ за Европа. Тие очекуваат ЕУ да го брани владеењето на правото без двоумење “.

Неговата група, во која заседаваат поранешните либерали и сега макронистите од Франција, е подготвена да ја поддржи Фон дер Лајен, со една цел: обновување на Европа.

-Но, пред сè, очекуваме вистинско проевропско лидерство од вас. Европа не е администрација, туку политичка амбиција, рече тој.

Филип Ламбер (зелените / ЕФА, Белгија) рече дека неговата група не е подготвена да и го довери раководството на Унијата на Фон дер Лајен, во време кога „нашата заедничка куќа гори, клима е нарушена, сé поголеми нееднаквости и пад на основните слободи и владеењето на правото“. Ако, сепак, Фон дер Лајен биде избрана вечерва, нејзината група ќе биде подготвена да помогне „секогаш кога предлозите се во согласност со егзистенцијалните предизвици со кои се соочуваме“.

Јорг Мејтен (ИД,) објави дека неговата група ќе гласа против Фон дер Лајен, наведувајќи дека таа е неспособна за функцијата и дека нема убедлива визија за Европа. Тој го критикуваше дека им ветила на групите премногу различни и контрадикторни нешта, особено во однос на владеењето на правото и миграцијата, за да ја обезбеди нивната поддршка.

Рафаеле Фито (ЕЦР, Италија) ја запраша Урсула фон дер Лејен за „разјаснување на механизмот за владеењето на правото, за кој не се согласуваме со политиката досега спроведена од Комисијата“. За борба против климатските промени, тој рече: –Ние сме задоволни со предлози како што се Фондот за транзиција и банкатаза одржливи инвестиции, но ние разговараме за поамбициозни цели без да кажеме како да се стигне до нив.

Мартин Ширдеван (Обединета левица) рече дека неговата група нема да гласа за Фон дер Лајен.

-Гласачите се надеваа дека Шпиценкадитатот ќе биде избран за претседател на Комисијата, рече тој, а не министерот за одбрана, сигнал „за идната милитаризација на ЕУ и на изолација.“ Тој повика на прекин на мерките за штедење и поголеми инвестиции во социјалното осигурување, образованието, здравствената заштита и борбата против климатските промени.

Како што беше и претходно јавено, Урсула фон дер Лајен во своето излагање воопшто ништо не кажа пред европратениците за идните проширувања на ЕУ, а иако прозвана од неколку европратеници на таа тема. Сепак таа повторно ништо не рече, упатувајќи на нејзината пишана програма.

Европратениците вечерва со тајно гласање ќе се изјаснат за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК, а резултатите засега барем се крајно неизвесни.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески