Разговори ЕУ, Русија и Украина на 12-ти септември

Од:

Претставници на ЕУ, Русија и Украина ќе се сретнат на 12-ти септември во Брисел, каде ќе разговараат за Договорот за асоцијација на Украина во Унијата, најави денеска еврокомесарот за трговија Карел де Гухт.

– Верувам дека ќе можеме да најдеме решение за трговските проблеми кои се создадоа како резултат на имплементацијата на Договорот за асоцијација и зоната за слободна трговија меѓу Украина и ЕУ, истакна Гухт на прес-конференција во Минск.

На состанокот се очекува Русија да биде претставена од министерот за економски развој Алексеј Уљукаев, Украина од шефот на дипломатијата Павел Климкин, додека ЕУ од еврокомесарот за трговија Гухт.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев