Расте бројот на жртвите во земјотресот во Кина

Од:

Најмалку 80 луѓе загинаа, а повеќе од 700 се повредени во двата земјотреси кои вчера ја погодија планинската област на југозападот од Кина.

Напорите на спасувачките екипи се отежнати поради одроните на патиштата кои водат до загрозените области.

Токму поради тоа, власта е загрижена дека билансот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Медиумите во Кина, јавија дека повеќе 20 илјади куќи се оштетени, а над 100 илјади лица се евакуирани.

Првиот земјотрес беше со јачина 5.6 по Рихтер, а нешто повеќе од половина час по првиот, следел втор земјотрес со иста јачина.

Југозападна Кина е трусно подрачје.

Во мај 2008-та година, земјотрес со јачина од осум степени по Рихтер ја погоди провинцијата Сичуан, како и делови од провинциите Шанси и Гансу. Во тоиј земјотрес загинаа десетина илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски