Растат тензиите: Либан ги повика САД да го смират Израел, се огласи Блинкен

Од:

Либанската влада побара од Америка да го повика Израел на воздржаност, изјави денеска либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб.

Според него, Америка побарала од либанската администрација да му пренесе порака и на Хезболах да покаже воздржаност.

Тензиите во регионот се во пораст по вчерашниот напад на фудбалско игралиште на Голанската висорамнина, за што Израел го обвинува либанскиот Хезболах. Во нападот загинаа 12 деца и тинејџери, а Израел најави дека ќе возврати.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не сака да види ескалација на конфликтот откако Израел го обвини Хезболах за убиство на 12 деца и тинејџери во ракетен напад на Голанската висорамнина.

Блинкен додаде дека САД разговараат со Израел за овој инцидент.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска го осуди ракетниот напад на либанската милитантна група Хезболах на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, истовремено изразувајќи загриженост дека нападот може да доведе до ескалација на конфликтот.

Леми на платформата „Х“ напиша дека Лондон е загрижен за ризикот од натамошна ескалација на конфликтот и дестабилизација на регионот, наведувајќи дека Хезболах е известен дека мора да ги запре нападите врз Израел.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Хезболах: 12 лица загинаа во експлозии на пејџери во Либан

Горан Наумовски

Ројтерс: Мосад поставил експлозиви во пејџерите на Хезболах

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на жртви во Либан, повеќе од 200 луѓе се критични: Хезболах најави одмазда

Горан Наумовски