Расправа за Западен Балкан и правото на здрава животна средина, во центарот на Есенската сесија на ПССЕ

Од:

Со усвојување на дневниот ред на отворањето на Есенската сесија, Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да одржи итни дебати за ситуацијата во Авганистан, за засилување на миграцискиот притисок на границите на Летонија, Литванија и Полска со Белорусија и за новиот нацрт протокол кон Конвенција за сајберкриминал на Советот на Европа за зајакнување на соработката и откривање на електронски докази, јави дописникот на МИА.

На завршниот ден од сесијата, која поради пандемијата со Кавад-19 е скратена на четири дена во Стразбур од 27 до 30 септември 2021 година, во хибриден формат, во четврток ќе се одржи дебата за тековните работи на тема „Западен Балкан помеѓу демократските предизвици и европските аспирации: каква улога има Советот на Европа?. Во рамките на таа дебата пред ПССЕ ќе се обрати и вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров.

Инаку, една од главните теми на оваа сесија е интерактивната дебата на тема „Животната средина и човекови права: право на здрава, безбедна и одржлива животна средина“. Во рамките на оваа дебата, ќе се расправа за не помалку од седум извештаи кои ќе се фокусираат на акцијата на Советот на Европа насочена кон зацврстување на правото на здрава животна средина, и како борбата против климатските промени ќе бара по партиципативна демократија, промени во граѓанската и кривичната одговорност; и зголемена употреба на владеење на правото. Другите извештаи ќе се фокусираат на решавање на нееднаквостите во правото на безбедна, здрава и чиста животна средина; за климата и миграцијата; и за тоа како политиките за истражување можат да промовираат заштита на животната средина.

Меѓу личностите кои ќе се обратат на Собранието во текот на седмицата, покрај вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања, Никола Димитров ќе зборуваат уште и европскиот комесар за здравје и безбедност на храната, Стела Киријакидес;. Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе ја презентира комуникацијата од Комитетот на министри, со која тој во моментов претседава, додека генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, ќе ја одржи својата вообичаена сесија на прашања и одговори со членовите на ПССЕч.

Предвидена е и дебата за хуманитарните последици од конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, враќање на социјалната доверба преку зајакнување на социјалните права и засилување на борбата против таканаречените злосторства за „чест“. Собранието, исто така, ќе расправа за застапеноста на жените и мажите во своите редови, како и насоки за опсегот на парламентарните имунитети што ги уживаат нејзините членови.

На маргините на сесијата, специјален настан ќе се одржи во четврток 30, кога Советот на Европа ќе биде домаќин на „Ла Петит Амал“, кукла висока 3,5 метри, која претставува деветгодишно девојче кое ја минува Европа пеш за да се подигне јавната свест за состојбата на децата бегалци. Високи личности, парламентарци и деца од локално училиште ќе комуницираат и ќе разменуваат подароци со неа.

На оваа сесија физички во Стразбур е присутна дел од македонската собраниска делегација, пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Арта Билјали Зендели, другите членови кои несе во Стразбур, можат да се вклучат во дебатите и гласањето интерактивно.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ