Распореден најновиот американски носач на авиони „Ју-Ес-Ес Џералд Форд“

Од:

Американската воена морнарица за првпат го распореди најнапредниот носач на авиони „Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“, да учествуваа на неколку воени маневри заедно со воени бродови на останатите држави-членки на Северноатлантската алијанса.

Носачот на авони со најнапредна технологија исплови од најголемата поморска база во светот „Норфолк“, во американската сојузна држава Вирџинија, во придружба на повеќе разурнувачи и други воени бродови.

„Џералд Форд“ заедно со бродови на воените морнарици на Франција, Германија и на Шведска, ќе учествува на неколку различни воени маневри, вклучително и вежбовни активности за противподморничка војна во Атлантскиот Океан.

Маневрите се одржуваат седум месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина и во време на растечки тензии меѓу Москва и Западот.

„Ју-Ес-Ес Форд“ е првиот носач на авиони од новата класа „Форд“ на американската воена морнарица. Класата е дизајнирана да носи повеќе авиони и да биде оперативна со помалуброен екипаж.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат