Расмусен: До средината на 2013-та авганистанските сили ќе ја преземат одговорноста за безбедноста на земјата

Од:

До средината на 2013 година локалните армија и полиција во Авганистан ќе ја преземат одговорноста за безбедноста во целата земја, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен при отворањето на средбата на министрите за надворешни работи од НАТО и партнерите во ИСАФ.

Тој забележа дека сега авганистанските специјални единици одговораат за безбедноста во регионот, каде живеат 75 проценти од населението, водат 80 проценти од операциите, како и 90 проценти од обуката на нови припадници на локалните воени и полициски единици.

Расмусен изрази надеж дека Авганистанците ќе соработуваат во претстојното целосно повлекување на странските военио контингенти, планирано за крајот на 2014 година, по што самите ќе ја преземат целосната контрола врз својата држава.

Генералниот секретар на НАТО прециизра дека веќе е во тек планирањето на новата операција во Авганистан, која се очекува да почне од 2015 година и да биде насочена единствено кон давање совети и помагање на подготовката на локалните специјални сили.

-Нашата стратегија функционира и остануваме цврсто решени да помогнеме за изградбата на мирна иднина за Авганистан, изјави Расмусен.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството