Рама за Самитот на ЕУ: Не е некој спектакл да се гледа, на крајот ќе слушнеме „Не, простете ни“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама го доведе во прашање учеството на Албанија на Самитот на Европската унија, што ќе се одржи на 23. и 24 јуни во Брисел, јави дописничката на МИА од Тирана.

Преку реакција на Твитер, тој наведува дека разговарал со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и додава дека гледа „не“ на крајот од Самитот.

Засега не се знае дали ќе учествува на Самитот, но на крајот пишува „што треба да правам таму“.

– Денеска долго разговаравме за Самитот на ЕУ, со лидерите на Србија и Северна Македонија. Се чини дека уште едно „Не, простете ни!“ ќе биде она што ќе го слушнеме на крајот. Целата Унија киднапирана од Бугарија не е добар спектакл за гледање. Што ќе правиме таму?“, пишува Еди Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов