Раководител на израелски студии: Целта не може да биде да се вакцинираме на секои четири месеци

Од:

Водачот на израелската студија за ефикасноста на вакцините против Ковид посочува дека бројките покажуваат петкратно зголемување на антителата по примањето на четвртата доза, што таа го смета за „добро, но недоволно“.

„Гледаме одредено зголемување на антителата, но тоа зголемување не е многу импресивно“, изјави професорката Гили Регев за израелскиот весник Ynet, повикувајќи се на прелиминарните резултати од студијата.

Набргу по примањето на четвртата доза од вакцината, нивото на антителата се врати на истото ниво како што беше по третата доза, рече Регев, истакнувајќи дека очекувала повеќе од таканаречениот втор засилувач.

Целта не може да биде да се вакцинираме против коронавирусот на секои четири месеци, рече Регев. Но, таа додаде дека и е драго што Израел веќе им дал четврта доза на ранливите групи, како што се имунокомпромитирани и оние над 60 години.

„Но, навистина не сум сигурна дали е неопходно на сите да им се даде четврта доза сега. Потребни ни се повеќе информации“, рече таа.

Во исто време, Регев ја нагласува огромната важност на првиот засилувач.

„Оние кои ја примиле првата и втората доза треба итно да ја примат третата. Треба да „трчаат“ во центарот за вакцинација“, додаде таа.

Во меѓувреме, во болницата Шиба во Израел започна уште едно тестирање на четвртата доза од вакцината. Овој пат околу 150 учесници ја примија четвртата доза од вакцината Модерна по три дози од Фајзер.

„Можеби комбинација од вакцини би била подобра. Ќе видиме“, вели Регев и додава дека тоа е прво тестирање на четвртата комбинирана вакцинација во светот.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ