Ракетирана американска воена база во Сирија

Од:

Ракетирана е американска воена база во сириската провинција Деир ел-Зор, јавија руските медиуми, пренесувајќи дека ракетниот напад е изведен вчера, само еден ден откако американските воздушни сили нападнаа проирански позиции и објекти од двете страни на ирачко-сириската граница. Целиот напад бил снимен.

Според локалните извештаи, базата што била нападната се наоѓа во близина на нафтеното поле Ал-Омар. Врз базата паднале најмалку осум ракети, а идентитетот на напаѓачот засега останува непознат.

На социјалните мрежи се објавени снимки, каде од далеку се гледа бомбашки напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети