Радиоактивен цезиум од Фукушима е регистриран во неколку јапонски области

Од:

Радиоактивен цезиум, за кој се смета дека потекнува од нуклеарната централа Фукушима – 1, која минатата година беше погодена од силниот земјотрес и цунамито, е регистриран во морската вода и рибата покрај бреговите на префектурите Сиџуока во централна Јапонија, Ниигата на западниот дел на централниот острот Хоншу и во Ивата во североисточниот дел на земјата, соопшти Министерството за наука и технологии.

Концентрацијата на радиоактивните честички, според Министерството е мошне мала, така што дури и да навлезат во човечкиот организам тие нема да го нарушат здравјето.

Експертите сметаат дека радиоактивниот цезиум во тие делови на земјата е пренесен со дождовите.

По нуклеарната хаварија во Фукушума во Јапонија се извршуваат постојани набљудувања на евентуалните траги од радијација на крајбрежните региони и на уловот на риба.

Од 1 април во земјата во сила се нови построги норми за присуство на радиоактивни честички во прехранбените продукти. За место и оризот е определено правило од 100 бекерели на 1 килограм, за млекото до 50 бекерели на литар, а за водата за пиење до десет бекерели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија: Силен земјотрес ја погоди префектурата Фукушима

Јапонија: Нема промена во нивото на радијација по земјотресот во Фукушима

Силен земјотрес ја погоди Фукушима