Раб: Сакаме подобри односи со Москва, но ќе ја натераме да плати за злонамерното однесување

Од:

Лондон сака да ги подобри односите со Москва, но ќе одговори на „злонамерните постапки“, изјави денеска шефот на британската диломатија, Доминик Раб.

-Треба да се прилагодиме на новите закани со кои се соочуваме. Ова ќе го сториме со тоа што на Русија и другите непријателски држави ќе им ставиме јасно до знаење дека ќе ги повикаме на одговорност и ќе ги присилиме да платат за нивното злонамерно однесување, изјави Раб за „Скај Њуз“.

Меѓутоа, како што вели, Лондон, исто така, посакува да ги подобри односите со Москва.

-Вратите на дипломатијата секогаш остануваат отворени за подобрување на однесувањето, додаде британскиот министер.

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, неодамна изјави дека има зголемена активност на руски бродови крај британскиот брег, нарекувајќи ја Русија непријател, што претставува најголема закана.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија нема намера да напаѓа никого. Според министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, северноатлантската Алијанса е свесна дека Москва не планира да нападне никого, туку едноставно користи изговор за распоредување повеќе војници во близина на границите на Русија. Москва повеќе пати изрази загриженост за зголемувањето на силите на Алијансата во Европа.

Би можело да ве интересира

Извештај: Стотици деца биле злоставувани во домови во Лондон повеќе децении

Ана Ололовска

Бајден ја обвини Русија дека се обидува да влијае на изборите 2022 во САД

Ана Ололовска

Стотици деца со децении биле во немилост на педофили во лондонски домови за згрижување

Жарко Настоски

Да не се залажуваме со подобрувањето на бројките за Ковид-19, повика Борис Џонсон

Жарко Настоски

Вејн Руни пак е во неволја – го сликаа во друштво на две млади девојки, тој тврди дека го местат

Жарко Настоски

Скоро половина од возрасните луѓе во Британија се здебелиле за време на пандемијата

Жарко Настоски