QR кодот од здравствената пропусница на Макрон се појави на социјалните мрежи

Од:

QR-кодот на здравствената пропусница на шефот на француската држава се појави на социјалните мрежи Снапчат и Твитер. Според Елисејската палата виновни се „негрижата или злобата на здравствените работници“.

-Негрижата или злобата на неколку здравствени работници е изворот на протекувањето преку Интернет на оваа здравствена дозвола, исто така укажува Елисејската палата, која го осудува „кршењето на етиката“. Овие здравствени работници сега се во центарот на вниманието на Националниот фонд за здравствено осигурување, бидејќи е побарано од Националниот совет на Редот на лекарите да ги санкционира лицата кои се виновни за објавувањето на кодот.

Во прилог на QR-кодот, на пропусницата може да се види и датумот на раѓање на претседателот, 21 декември 1977. Исто така, се посочува дека тој ја примил вакцината Фајзер / БиоНТек на 13 јули 2021 година. Во реалноста, Макрон беше вакцинирани на 31 мај, но неговата вакцинација е снимена само месец и половина по „грешка“ во преносот на податоците, прецизира Елисејската палата за Медијапар

Протекувањето на овие податоци го поставува прашањето за можна измама.

Би можело да ве интересира

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски