Путин: Западот ја отвори Пандорината кутија со признавањето на Косово

Од:

Западот изврши притисок врз Меѓународниот суд на правдата во Хаг да ја признае независноста на Косово и со тоа ја отвори Пандорината кутија, предизвикувајќи криза, како во Каталонија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

– Јас не сметам дека создавањето монооетнички држави е лек против евентуални судири, рече Путин во говорот на завршната пленарна седница на Меѓународниот дебатен клуб „Владај“ во Сочи.

Напротив, како што рече, поделбите и декларациите за суверенитет и воспоставување моноетнички држави можат да предизвикаат судири поради спроведување интереси на тие нови држави и тоа најверојатно ќе се случи.

Тој верува дека обединетите држави со големи граници имаат повеќе шанси за водење избалансирана политика.

Рускиот претседател потсети како е призната независноста на Косово. Тој покажа и прочита некои документи, меѓу кои и документ од октомври 2008 година кога Генералното собрание на ОН ја усвои Резулуцијата 63/3 и кога беше поставено прашањето за тоа дали унилатералната декларација на косовските институции е во согласност со одредбите на меѓународниот закон.

– Меѓународниот суд на правдата во Хаг, по двегодишно разгледување, усвои заклучоци во кои, на 7 февруари 2008 година, наведе дека со косовското прогласување независност не се прекршени меѓународни закони, рече Путин.

Тој истакна дека сите заклучоци на Меѓународниот суд во Хаг не се однесуваат само на случајот со Косово, туку на примена во сите случаи за прогласување декларација за независност на територијата на една држава.

– Ова експанзивно толкување на правните норми ја отвори Пандорината кутија, рече Путин.

Тој исто така наведе пример како западните држави извршиле притисок на судот за да се признае декларацијата и усвојувањето на препораките во врска со таа ситуација.

Путин исто така посочи дека државите членки на Европската унија со распаѓањето на некои земји и одвојувањето на Косово сами поттикнале развој на сепаратизмот во Европа и дека сега сами си нанеле удар, како што е случај со Каталонија.

Рускиот претседател потсети дека Европа своевремено прифати голем број држави, по што едногласно го поддржа одвојувањето на Косово, предизвикувајќи слични процеси во другите региони на Европа и во светот.

Би можело да ве интересира

Мекгрегор: Русија нема да престане до целосен пораз на Украина

Предраг Петровиќ

Имотот на украинските олигарси на Крим вреди милијарди

Американски волонтер загина во Бахмут

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки

Горан Наумовски

Кремљ: Не е точно дека шефот на ЦИА ни понудил таен мировен договор

Ана Ололовска

Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече на дното

Ана Ололовска