Путин: Западните санкции предизвикуваат глобална криза

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека западните санкции кон Москва и нанесуваат штета на економиите на земјите кои ги воведуваат и предизвикуваат глобална криза.

– Овие санкции во голема мера предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени од кусогледи надуени политички амбиции, русофобија, во поголема мера ги нарушуваат нивните национални интереси, сопствената економија, благосостојбата на своите граѓани, истакна Путин.

Тој додаде дека продолжувањето на политиката на „опседнатост со санкции“ кон Русија ќе доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици за граѓаните на Европска Унија и за најсиромашните земји во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски