Путин и Вучиќ ќе разговараат за тензиите на Балканот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин утре во Москва ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што ќе се разговара за соработката меѓу двете земји, балканскиот регион и меѓународната состојба.

Кремљ денеска и официјално ја потврди средбата која се најавуваше повеќе месеци.

Вучиќ најави дека една од темите на разговор ќе биде состојбата на Косово, каде тој и косовскиот претседател Хашим Тачи го отворија прашањето за менување на границите, а во текот на викендот имаше сериозен безбедносен инцидент околу езерото Газивода.

– Растечките тензии на Балканот ќе бидат една од темите за разговор, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, додавајќи дека сепак средбата била планирана подолго време и не е директно предизвикана од балканските тензии.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица