Путин: Во Русија се почитуваат правата на хомосексуалците, но нашиот избор е традиционално семејство

Од:

Русија не е хомофобична земја, туку држава која претпочита традиционално семејство, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Според него, во земјата нема проблем со правата на сексуалните малцинства, како што се обидуваат да ги претстават нештата некои други земји.

– Во Русија ги признаваат и не им ги нарушуваат правата на луѓето со нетрадиционална сексуална ориентација, рече Путин на средба со претставници на организации за заштита на човековите права и омбудсмани.

При тоа, според него, незаслужени критики против Русија доаѓаат од земји, каде такви луѓе се подложени на кривично гонење по законски пат, како на пример САД, каде во некои држави била предвидена кривична одговорност за хомоксуалност, иако судот го запрел дејствието на таквиот закон.

Путин појасни дека во Русија станува збор само за заштита на децата од пропаганди на нетрадиционална сексуална ориентација.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Русија во март, ќе гласаат и жителите на анектирани украински региони

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девојче пукаше во школо во Русија, уби соученичка, рани четворица и се самоуби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Сибир -50 степени, Москва беше затрупана од рекорден снег за овој период од годината

Османи: Русија, а не западните демократии е причина за проблемите и нестабилноста на регионот

Предраг Петровиќ

Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

Орце Костов

Руска манекенка и нејзината ќерка пронајдени мртви

Предраг Петровиќ