Путин во ОН повика на укинување на санкциите со цел да се зајакне светската економија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ставањето крај на „нелегитимните санкции“ против земји како неговата може да ја зајакне светската економија погодена од коронавирусот и да отвори нови работни места.

Во говорот емитуван на почетокот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, кое годинава поради пандемијата се одржува виртуелно, тој ја истакна потребата од мултилатерална соработка против болеста што го погодува целиот свет.

Во говорот донекаде необичен за рускиот лидер, кој честопати зборува остро, Путин на состанокот по повод 75-годишнината од Обединетите нации рече дека земјите мора подобро да соработуваат во борбата против вирусите и другите глобални проблеми.

– Ослободувањето на светската трговија од бариери, забрани, ограничувања и нелегитимни санкции ќе биде голема помош за заживување на глобалниот раст и намалување на невработеноста, рече тој.

Путин со години инсистира на укинување на санкциите на САД и Европската унија воведени против Москва затоа што во 2014 година го анектираше украински Крим и мешање во изборите во САД во 2016 година и други активности. Москва смета дека анексијата на Крим е легитимна и негира мешање во гласањето со кое Доналд Трамп стана претседател на САД.

Путин ги предупреди другите земји да не се „мешаат“ во внатрешните работи и рече дека „кибер безбедноста исто така заслужува најсериозно разгледување во Обединетите нации“, не спомнувајќи ги руските „тролови“ и „хакери“ обвинети за манипулирање со американското јавно мислење во 2016 година.

Путин повика на единство и сите земји да ја потврдат својата посветеност кон Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, жалејќи се на „дефицит на хуманост и добрина“ меѓу државите среде пандемија.

Тој неколкупати го потенцираше придонесот на Советскиот Сојуз во победата над нацистите во Втората светска војна – конфликтот што ги роди Обединетите нации. И покрај повиците за длабока реформа на Обединетите нации, Путин рече дека петте постојани членки на Советот за безбедност треба да го задржат правото за вето и додаде дека нивните лидери се согласиле да се состанат кога ќе го дозволи пандемијата.

– Во меѓусебно поврзан, меѓусебно зависен свет, во вителот на меѓународните настани, потребно е да се дејствува заедно и да се потпреме на принципите на меѓународното право содржани во Повелбата на Обединетите нации, истакна рускиот лидер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пијани руски војници влетаа во аеродром со оклопен транспортер

Жарко Настоски

Путин: Руската економија закрепнува во многу сектори

Жарко Настоски

Забраните за патувања во странство поради епидемијата и помагаат на руската економија, тврдат економисти

Ана Ололовска

Руските безбедносни сили тврдат дека спречиле исламистички терористички напад во Москва

Жарко Настоски

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД

Ана Ололовска

Помпео: САД се за продолжување на Договорот СТАРТ со Русија

Ана Ололовска