Претседателот на руската федерација, Владимир Путин, е најмноќната личност која се спротиставила на исфрлањето на борењето од Олимписките игри, што Меѓународниот олимписки одбор сака тоа да го направи во 2020-та година.
Веднаш по објавата на оваа вест се јави побуна во боречкиот свет, која започна кога неколку светски и олимписки победници ги вратија своите медали во знак на протест. Армен Назарјан, еден од најтрофејните, започна и штрајк со глад.
Путин, кој ќе биде домаќин на зимските олимписки игри во 2014-та година, разговараше со представници на меѓународната и руска „самбо“ федерација, боречки спорт кој настанал во СССР во 50-тите.
„Не е праведно да се отфрли спорт од Олимписките игри, кој е дел од нив уште од античка Грција. Треба и самбо да ја приклучите во програмата, тоа би било праведно“, вели Путин
Конечната одлука за борењето ќе се донесе во септември. Сеудм спортови конкурираат за пополнување на олимпискиот распоред, а во мај Извршниот одбор ќе одбере кој од нив ќе влезе во завршното гласање во септември.
Јасна Атанасова