Путин вели дека Русија е спремна да размени затвореници со САД

Од:

Русија е отворена за можна размена на затвореници со САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата средба со неговиот американски колега Џо Бајден.

– Да, секако, изјави Путин во интервју за Ен-би-си њуз, како одговор на прашањето дали би размислил за размена на затвореници – тема за која е можно да стане збор на нивната средба в среда во Женева.

Путин, исто така, ги отфрли како „лажни“ обвинувањата дека Русија стои зад кибер нападите против САД.

– Каде е доказот?, праша тој. – Ние сме обвинети за секакви работи, мешање во избори, кибер напади и така натаму, и ниту еднаш, ниту еднаш не се потрудиле да презентираат докази, само неосновани обвинувања.

Бајден вчера изјави дека понудата на Путин е „чекор во добра насока“, но Белата куќа подоцна појасни дека тоа не значи оти американскиот претседател ја прифаќа и се залага за предложената размена на затвореници.

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија