Путин вели дека гледа „позитивна“ реакција на САД на руските безбедносни предлози

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека подготвеноста на Вашингтон да разговара за безбедносните предлози на за ограничување на експанзијата на исток е „позитивна“.

Русија минатата недела им претстави на САД и НАТО нацрт-предлози, сумирајќи ги нејзините барања во замена за деескалација на тензии околу Украина. Во документите се вели дека НАТО не смее да прима нови членки во воената алијанса и повика да не се формираат воени бази во поранешните советски земји.

– Не смее да има никакво проширување на НАТО кон исток, нагласи Путин во неговата годишна прес конференција.

– Топката е во нивен терен. Тие треба да ни дадат одреден одговор, рече тој, но додаде: „Генерално гледаме позитивна реакција“.

– Американските партнери ни кажаа дека се подготвени да се започне таа дискусија, овие разговори, на самиот почеток на следната година во Женева, рече Путин, додавајќи дека претставници од двете страни веќе се назначени.

Западните влади ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на нејзината граница со Украина.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна

Путин освоил огромно мнозинство на претседателските избори во Русија

Горан Наумовски