Путин тврди дека расте бројот на кибер-напади врз Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека бројот на кибер-напади врз Русија од страна на странски државни структури е зголемен повеќекратно и оти Русија мора да ја зајакне својата кибер-одбрана со намалување на употребата на странски софтвер и хардвер.

– Се прават насочени обиди да се оневозможат интернет-ресурсите на руската критична информациска инфраструктура, рече Путин, додавајќи дека на мета биле медиумите и финансиските институции.

– Извршени се сериозни напади на официјалните веб-страници на владините агенции. Многу почести се обидите за илегално навлегување во корпоративните мрежи на водечките руски компании, нагласи тој.

На средбата со членовите на Советот за безбедност Путин рече дека Русија ќе мора да ја подобри безбедноста на информациите во клучните сектори и да се префрли на употреба на домашна технологија и опрема. јт/

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски