Путин: Треба да продолжи истрагата за авионската несреќа во Египет се до разјаснувањето на сите детали

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин побара истрагата за откривањето на причините за несреќата на авионот на авиокомпанијата „Когалимавиа“ во Египет да се води се до разјаснувањето на сите детали поврзани со трагедијата, пренесе ТАСС.

Путин ова го кажа на средбата со министерот за транспорт Максим Соколов, кој утринава му реферираше на претседателот во неговата приградска резиденција во Ново Огарово, веднаш по враќањето од Египет. Соколов ја предводи владината комисија за истрагата за причините за несреќата. 

-Без секакво сомнение треба да се направи се за да се создаде објективна слика на тоа што било за да знаеме што се случило и да реагираме на соодветен начин, посочи Путин. „Ова работа треба да продолжи се додека не бидеме целосно уверени дека оваа етапа е завршена. Не треба порано да ја прекинуваме од формални причини“, подвлече претседателот.

Претходно денеска претседателовиот портпарол Дмитриј Песков изјави дека шефот на државата оперативно ги добива сите информации поврзани со трагедијата, дека по негова наредба е формирана владина комисија, дека тој е во постојана врска со шефовите на регионите во кои живееле загинатите во несреќата и во кои живеат нивните рондини.

Путин трагедијата ја прими „како и сите Руси“, забележа портпаролот.

Тој додаде дека не се планираат никакви изјави или јавни обраќања на претседателот во врска со несреќата и дека не може точно да каже дали се планира патување на Путин во Санкт Петербург и негова средба со роднини на загинатите.

Тој само објасни дека денеска почнува тешкиот процес на идентификација на жртвите и дека со нивните роднини деноноќно ќе работат психолози.

Во оваа етапа од истрагата „ не треба да се исклучува ниту една од верзиите за причините на несреќата и ние не можеме да кажеме која од нив ќе стане основна во текот на истражните дејствија“, посочи портпаролот Песков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја