Путин: Треба да бидам онаков каков што сакам да ме гледа народот на Русија, а не Западот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека треба да биде онаков каков што сака да го гледа народот на Русија, а не Западот, јави ТАСС. 

Путин ова го изразил во разговор со германскиот новинар Хуберт Зајпел, чиј дел денеска беше објавен од руската телевизија НТВ во емисијата „Нови руски сензации: Тоа е Путин“. 

– Не, не, јас треба да сум онаков, каков што сака да ме гледа народот, одговори Путин, кога Зајпел му предложи „да биде како Западот и да ги прифати западните правила“. 

На прашањето зошто Западот има негативен однос кон него Путин одговори дека тоа е поради страв. 

Зајпел на 6 јуни на фестивалот на книгата „Црвениот плоштад“ го претстави своето дело „Путин: логиката на власта“, напишана врз основа на лични средби и разговори со претседателот на Русија. Новинарот е и автор на документарниот филм „Јас, Путин.
Портрет“. Во период од неколку недели авторот го придружувал Путин на патувања низ Рузија и направил голем број интервјуа со него.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Обраќање на Путин: Ќе плати оној кој застана зад терористите

А1он

Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Путин: Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна

Путин освоил огромно мнозинство на претседателските избори во Русија

Горан Наумовски