Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот.

На самитот на Г-20, на кој тој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен, пренесе ТАСС.

Путин истакна дека прашањето за климатските промени е од големо значење, нагласувајќи дека Русија ги чувствува последиците од глобалното затоплување.

– Се соочуваме и со опустинување и со ерозија на почвата. Особено сме загрижени поради топењето на вечниот мраз, кој сочинува значителен дел од нашата територија, рече рускиот претседател.

Тој потсети дека Русија активно учествува во меѓународните напори за зачувување на климата, пренесува Бета.

– Конкретно, Русија ги почитува сите свои обврски од рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Парискиот договор и постојано ја следи политиката на намалување на емисиите на стакленички гасови, преземајќи чекори за подигање на енергетската ефикасност на својата економија и намалување на емисиите од екстракција на нафта, појасни Путин.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски