Путин се соочува со најголеми предизвици

Од:

Владимир Путин се соочува со најголемите политички предизвици до сега и треба да се очекува јакнење на затегнатоста во Русија поради социјалното незадоволство, вели Клапер.

Во годишната проценка за заканите на националната безбедност на САД, советникот на претседателот на САД за разузнавачки прашања и државна безбедност Џејмс Клапер, оцени дека “агресивниот пристап” на Путин покрај пресметката со опозицијата, му помогна на Кремљ да ја зајакне власта, но тоа доведе до “растечко незадоволство на јавноста” .

“Важните крила на руската јавност се фрустрирани од лошата состојба на стопанството и веќе не се задоволни со политичкиот систем на кој му недостасува вистински плурализам, а проблем се и лошата, арбитрарна власт и ендемичната корупција”, напиша Клапер.

“Сите овие фактори претставуваат за претседателот Путин, далеку поголем предизвик од било што, со кое тој морал да се справи во претходните два претседателски мандати.”

И покрај растот на тензиите меѓу Русија и САД, Клапер рече дека Путин се уште е подготвен да соработува со САД во врска со американските интереси, вклучувајќи ја и стабилизацијата на Авганистан. Меѓутоа, Русија веројатно нема да ги поддржи американските операции во Авганистан, доколку САД сакаат да ги задржат трупите и после 2014 година, без налог од Обединетите Нации, рече тој.

Централна точка на напорите на американскиот претседател Барак Обама да ја прошири соработката со Русија беше да се обиде да преговара за натамошно намалување на нуклеарните арсенали на Русија и САД. Но Клапер приметил дека Русија се уште ги гледа нуклеарните сили како најважен дел од своите одбранбени капацитети, бидејќи нејзините конвенционални сили се во опаѓање, уште од крајот на Студената војна. Тој акцент веројатно нема да се промени, се додека нема резултати од инвестициите во модернизацијата на тие сили.

Би можело да ве интересира

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја