Путин се надева на подобри односи со Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека се надева дека ќе се постигне договор со украинскиот претседател Володомир Зеленски за подобрување на односите меѓу двете земји.

-Секогаш постои надеж, рече Путин во интервју за Тасс.

Путин во интервјуто оценува и дека е дојдено до промена во ставовите на неговиот украински колега.

-За жал, видовме дека Зеленски по враќањето од Париз, ( каде беше оддржан самитот на Нормандиската четворка за украинската криза) почна да зборува за потребата од измена на спогодбата од Минск. Тоа отвора многу прашања……, рече Путин.

Истовремено, Путин потсетува дека Русија и Украина успеале да се договорат за размена на затвореници, како и за транзитот на гас низ Украина.

Рускиот претседател кажа и дека нивната соработка со Украина вознемирува многу земји и дека затоа ќе сторат се за да ги раздвојат, но не сакаше да прецизира на кои земји мисли.

Зеленски, кој стана украиснки претседател пролетта 2019 година, изјави дека негова главна цел е завршување на конфликтот во источна Украина и искажа подготвеност да се имплементира спогодбата од Минск.

Тасс потсетува дека на иницијатива на Зеленски дошло и до првиот телефонски разговор меѓу украинскиот и рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Захарова: Москва и Вашингтон треба да вложат заеднички напори во борбата против коронавирусот

А1он

Украина бара Москва да обезбеди прекин на огнот во Донбас

Ана Ололовска

„Еурактив“: Зачленувањето на С. Македонија во НАТО ја налути Русија

Ана Ололовска

Стејт департмент: Медицинската опрема од Русија не е подарок, туку е купена

Ана Ололовска

Трамп: Очекувам наскоро договор меѓу Русија и Саудиска Арабија за нафтата

Ана Ололовска

Руската Влада ќе одржи седница „од далечина“

Ана Ололовска