Путин: Самитот беше успешен, противниците на Трамп во САД го попречуваат напредокот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговиот прв самит со претседателот на САД Доналд Трамп бил успешен, но исто така, ги обвини противниците Трамп во САД за попречување на напредокот за прашањата за кои тој се сретна со шефот на Белата куќа.

Путин, обраќајќи им се на руски дипломати во Москва изјави дека односите меѓу САД и Русија, „на одредени начини се полоши отколку во текот на Студената војна”, но дека на средбата одржана во понеделникот, нему и на Трамп им било овозможено да одат по „патот на позитивни промени“.

– Ќе видиме како работите ќе се развиваат понатаму, рече Путин.

Тој изрази загриженост во врска со „силите“ во САД, кои не ги именуваше, но рече дека тие се обидуваат да спречат какво било подобрувања во односите, особено во однос на соработката во Сирија или контролата на вооружувањето.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски