Путин: САД помогнаа во спречување на терористички напад во Санкт Петербург

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека им е благодарен на САД за доставувањето информации до Русија кои го спречија терористичкиот напад на земјата кон крајот на 2019 година.

„Благодарение на навремените информации што ни ги даде ФБИ, уапсени се двајца членови на т.н. Исламска држава кои планирале напади во Санкт Петербург за новогодишните празници“, рече Путин за време на состанокот со Комитетот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Путин рече дека Русија ќе одговори на таа учтивост и ја истакна важноста за соработката со колегите од странство.

– Постои зголемена побарувачка за ресурси од меѓународната база на податоци за борба против тероризмот, потенцираше Путин.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат