Путин: САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан

Од:

Рускиот претседателот Владими Путин денеска повика на поблиска соработка меѓу вооружените сили на земјите-членки на Шангајската организација за соработка.

Во своето видео излагање на двата денешни самита, на Шангајската организација за соработка (СЦО) и на Организацијата за договор за колективна безбедност (ЦСТО), што се одржаа во Душанбе, главниот град на Таџикистан, Путин ги повика САД и НАТО да ги сносат трошоците за реконструкција во Авганистан.

Во моментов рускиот претседател е во самоизилација поради неколкуте случаи на Ковид-19 во неговото непосредно опкружување, пренесе Анадолија.

Изразувајќи поддршка за воспоставувањето контакти меѓу СЦО и Авганистан, тој истакна дека организацијата треба да ги удвои напорите за спречување закани од тероризам, трговијата со дрога и верскиот екстремизам што произлегуваат од Авганистан.

Тој додаде дека САД и НАТО треба да ги сносат трошоците за обновата на Авганистан, земја разурната од војната, бидејќи тие во голема мера беа одговорни за тамошната ситуација.

-Ја поддржуваме одлуката за почнување на процесот за иранско членство во СЦО, која е доставена на одобрување до Советот на шефови на држави во СЦО, рече Путин.

Изразувајќи загриженост за ситуацијата во долината Паншир и воопшто за последните случувања во Авганистан, претседателот на Руската Федерација повика на поблиска соработка меѓу вооружените сили на земјите-членки на СЦО.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост