Путин: Русија се залага за стратешко партнерство со африканските земји

Од:

Русија отсекогаш посветувала посебно внимание и ќе продолжи да го прави тоа на соработката со африканските земји, рече Путин на форумот „Русија – Африка“ во Москва.

„Русија се залага за стратешко партнерство со африканските земји и за формирање на глобална агенда“, посочи тој.

Рускиот претседател Владимир Путин е сигурен дека Африка ќе стане еден од лидерите на новиот светски поредок кој моментално се формира.

Осврнувајќи се на договорот за храна, тој рече дека Русија инсистира на негова целосна имплементација за да испраќа производи, не во богатите земји, туку до оние на кои им е потребна храна. Досега само 3 отсто од украинската пченица отиде во Африка.

Тој посочи дека Русија совесно ги исполнува своите обврски во однос на снабдувањето со храна, ѓубрива и гориво за Африка.

Путин вети дека Русија е подготвена, во случај да не се продолжи договорот за храна, целосно бесплатно да ја достави планираната количина до африканските земји.

„Ако сепак одлучиме да не го продолжиме овој договор по 60 дена, подготвени сме да им го доставиме на африканските земји целиот обем што беше доставен дотогаш целосно бесплатно“, рече Путин на пленарната седница.

Претходно, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Русија се согласила да го продолжи Договорот за храна за 60 дена, а не за 120 дена како што пренесоа некои медиуми.

Да потсетиме, во јули минатата година претставниците на Русија, Турција, Украина и ОН потпишаа договор кој вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа, меѓу кои и Одеса.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул е одговорен за координација на движењето на бродовите. Самиот договор за жито е дел од пакетот договори што, меѓу другото, предвидува деблокирање на рускиот извоз на храна и ѓубрива. Москва истакна дека овој специфичен услов не е исполнет и покрај ветувањата на ОН.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија сигурно ќе победи во војната во Украина

ISW: Путин се обиде да го намали значењето на нападите со дронови врз Москва

Ана Ололовска

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин за Украина

Ана Ололовска

Партизаните му испратија порака на Путин

Ана Ололовска