Путин: Русија ќе одговори со иста мерка ако НАТО распореди војска во Финска и во Шведска

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе одговори со иста мерка доколку НАТО распореди војници и инфраструктура во Финска и Шведска откако тие земји ќе се приклучат на воената алијанса предводена од САД.

„Ние немаме никакви проблеми со Шведска и Финска како што ги имаме со Украина. Тие сакаат да се приклучат на НАТО“, изјави Путин за руската државна телевизија по разговорите со лидерите од Централна Азија во Туркменистан.

„Но, тие мора да разберат дека претходно немало закана, додека сега, доколку таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ќе мора да одговориме со иста мерка и да создадеме исти закани за областите од кои сме загрозени“, рече Путин. .

Тој рече дека е неизбежно односите на Москва со Хелсинки и Стокхолм да се влошат поради нивното членство во НАТО.

„Се беше во ред меѓу нас, но сега може да дојде до одредена тензија, и тоа сигурно ќе биде“, рече тој, додавајќи дека „неизбежно е ако Русија е во опасност“.

Путин ја даде изјавата еден ден откако Турција, членка на НАТО, се откажа од ветото на напорите на Финска и Шведска да се приклучат на алијансата.

Трите земји постигнаа договор на самитот на НАТО во Мадрид оваа недела за да се решат забелешките и загриженоста на Анкара, првенствено поради третманот кон курдските милитантни организации, кои Турција ги смета за терористички.

Тоа значи дека Хелсинки и Стокхолм можат да го продолжат процесот за влез во НАТО.

Путин додаде дека целите на, како што ја нарекува Москва својата „специјална воена операција“ во Украина, останале непроменети и дека нејзината цел е да го „ослободи“ источниот украински регион Донбас и да и гарантира безбедност на Русија.

Тој рече дека руските војници напредуваат во Украина и ги постигнуваат зацртаните цели и дека воената интервенција се одвива според планираното.

„Нема потреба да се одредува краен рок за завршување на кампањата“, рече Путин.

Коментирајќи го ракетирањето на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук, тој изјави дека Русија не цели цивилни цели. Најмалку 18 лица загинаа, а 60 се повредени во нападот на центарот во кој се наоѓаа цивили.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ