Путин: Русија е подготвена да им понуди модерно оружје на сојузниците од Јужна Америка, од Азија и од Африка

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин одржа говор на изложбата на оружје во близина на Москва и се пофали со напредното руско оружје.

Тој во говорот потенцира дека Русија ги цени своите врски со земјите од Јужна Америка, Азија и Африка и оти е подготвена да им понуди модерно оружје на своите сојузници.

– Подготвени сме на нашите сојузници да им понудиме најсовремени видови оружје, од мало оружје до оклопни возила и артилерија до борбена авијација и беспилотни летала. Речиси сите од нив се многупати користени во вистински воени операции, посочи Путин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина