Путин првпат од почетокот на војната патува надвор од Русија

Од:

Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија, што е прво патување на рускиот лидер во странство откако нареди инвазија на Украина.

Путин, според медиумот ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан, а потоа ќе се сретне со индонезискиот претседател Јоко Видод на разговори во Москва.

Во Душанбе, Путин ќе се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник и владетел со најдолг стаж на поранешната советска држава. На самитот на касписките држави во ашхабат ќе присуствуваат лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и Туркменистан.

Последното познато патување на Путин надвор од Русија беше посетата на Пекинг на почетокот на февруари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци