Путин против еднострано делување на Советот за безбедност на ОН

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди денеска западните сили да не преземаат еднострани чекори против сириската Влада надвор од Советот за безбедност на ОН.

Путин, според соопштението од Кремљ, овој коментар го изнесе на затворениот состанок на Советот за безбедност на Русија, на кој беа присутни сите водечки министри и на кој се одлучува за стратегијата во врска со најчувствителните надворешно политички и национални прашања.

Според рускиот претседател, секој обид да се делува надвор од СБ на ОН нема да биде ефиксен и само ќе го загрози авторитетот на оваа меѓународна организација, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин ги отфрли обвинувањата на Западот дека Русија поттикнува уште поголемо насилство во Сирија со тоа што веќе трет пат досега, заедно со Кина, ја блокирала можноста за воведување санкции против Дамаск.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија