Путин: Прославата на 75-годишнината од победата над фашизмот ќе биде најважен настан во 2020 година

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека, според неговите очекувања, најважен настан во следната година да биде одбележувањето на 75-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

-Можам да кажам што ќе биде најважното нешто во следната година. Тоа е 75-годишнината од победата во Големата татковинска војна, а тоа ни е очигледно на сите, рече Путин, пренесен од руските медиуми.

Според него, годината во заминување била работна.

„Важно е да се проанализира се што се случи во годината во заминување, а потоа ќе можеме да кажеме што беше најважниот настан во животот на земјата на секој човек“, рече Путин пренесува Б92. нет.

Рускиот претседател додаде и дека кога ќе почне новиот ден, тој заборава како завршил претходниот, напоменувајќи дека е така и со секоја нова година.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски