Путин пристигна во Таџикистан, првата станица на патувањето во Централна Азија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Таџикистан, негова прва станица на патувањето во земји од Централна Азија, каде што разговара со неговиот таџикистански колега Емомали Рахмон.

Ова е прво јавно патување на рускиот претседател во странство од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, а потпишување на какви било документи за време на оваа работна посета не е најавено, јавува Радио Слободна Европа.

Претседателите разговараа за воената соработка и мерките за подобрување на безбедноста долж порозната граница на Таџикистан со Авганистан поради загриженоста дека исламскиот радикализам може да навлезе во земјата.

– Правиме се за да ја нормализираме ситуацијата во таа земја. Се обидуваме да изградиме односи со политичките сили кои ја контролираат ситуацијата, рече Путин во Душанбе.

Путин утре од Таџикистан ќе отпатува за главниот град на Туркменистан, Ашгабат, каде ќе присуствува на самитот на земјите кои се граничат со Каспиското Море, вклучувајќи ги Азербејџан, Иран и Казахстан.

Русија, Белорусија и Таџикистан, заедно со Ерменија, Киргистан и Казахстан, се членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив