Путин предупредува дека Русија е подготвена да возврати на заканите, доколку мора

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине нејзините „црвени линии“ во однос на Украина.

Тој изјави дека Москва ќе го разгледа распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на територијата на Украина.

На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но сака и НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува Ројтерс.

„Ако некои ударни системи се појават на територијата на Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7-10 минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, рече Путин. „Што треба да правиме во такво сценарио? Тогаш ќе треба да направиме нешто слично во однос на оние кои ни се закануваат на тој начин. А ние можеме да го направиме тоа сега“, рече Путин.

Според него, Русија штотуку успешно тестирала хиперсонична ракета која ќе биде во употреба на почетокот на новата година и која има време на лет од 5 минути и брзина девет пати поголема од брзината на звукот.

„Создавањето такви закани (во Украина) е црвена линија за нас. Но, се надевам дека тоа нема да се случи. Се надевам дека чувството на здрав разум и одговорност ќе надвладее, како во нашите две земји, така и во светската заедница“, вели тој.

Рускиот претседател нагласи дека има оправдана загриженост во Русија поради, како што вели, фактот што во близина на нејзините граници се вршат големи вежби, вклучително и непланирани, како што неодамна беше случајот во Црното Море, кога стратешките бомбардери летаа на 20 километри од руската граница.

Би можело да ве интересира

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници