Путин предлага самит 5+1 со Иран

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин предложи самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со Германија и Иран, посветен на иранското прашање.

Путин го даде предлогот додека Советот за безбедност разговара за нацрт-резолуцијата на САД за проширување на меѓународното ембарго за продажба на оружје во Техеран. Ембаргото официјално истекува на 18 октомври.

„Разговорите во Советот за безбедност на ОН за иранското прашање стануваат се потензични. Ситуацијата се влоши“, рече Путин, кој ги осуди „неоснованите обвинувања против Иран“.

Рускиот претседател ја осуди и нацрт-резолуцијата со која се планира „да се поништат претходните едногласни решенија на Советот за безбедност“.

Во тој контекст, Русија предлага да се организира онлајн состанок на шефовите на држави или влади на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН што е можно поскоро, во кој се Русија, САД, Франција, Велика Британија, заедно со Германија и Иран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел