Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша Закон за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство.
Законот за кривична одговорност за лажни информации се однесува на амбасадите, Државното обвинителство, Националната гарда, руското Министерство за вонредни ситуации и други.
Казната предвидена со овој закон е иста како и за дискредитирање и ширење лажни вести за руските вооружени сили.
Извор: МИА