Путин планира да ја прими вакцината против Ковид-19

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против коронавирус „Спутник V“, изјави денеска неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Тој планирал вакцинирањето да го направи пред да замине во официјална посета на Јужна Кореја, каде треба да се сретне со лидерот Мун Џае-ин, додаде Песков, пренесен од Тасс.

-Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега и потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата, кога и ќе се вакцинира, рече Песков, но Кремљ не открива кога ќе дојде до официјалната посета.

Јужнокорејската агенција Јонхап вчера јави дека двајцата лидери во телефонски разговарале и се согласиле Путин да ја посети оваа азиска земја по стабилизирањето на состојбата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски